Репрезентацијата на Мексико го освои Голд купот на КОНКАКАФ откако ноќеска во финалето ја победи Панама со 1:0.
Стрелец на единствениот погодок на натпреварот одигран во Лос Анџелес беше Сантијаго Хименез во 88. минута.
Во 33. минута Мексико постигна гол којшто беше поништен по интервенција на Вар судиите кои рекламираа офсајд.
За Мексико ова е 12. титула во ова натпреварување, додека Панама по трет пат стана вицешампион.