Македонската фудбалска репрезентација до 18 години одигра нерешено, 1:1 со соодветната селекција на Унгарија во вчерашниот контролен дуел на стадионот во „Ѓорче Петров”.
Унгарците го отворија резултатот со гол од пенал во 23. минута. Конечните 1:1 ги постави капитенот Мелиќи во 55. Минута.
Селекторот Вујадин Станојковиќ натпреварот го почна со следниот состав: Славе Вргов, Андреј Љубевски, Нуман Ајетовиќ, Синани Милот, Анес Мелиќи, Теодор Хаџи Попоски, Тарик Демишоски, Максимилиан Димитријевски, Алтил Алији, Никола Манојлов, Давид Матески. з