Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

вардар
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на скопски Вардар го освоија македонскиот Куп во кадетска конкуренција, откако денеска во финалето на градскиот стадион во Кичево, со убедливи 4-1 ја совладаа тетовска Шкендија.

Вардар поведе во 21. минута со гол од пенал во реализација на Горјан Цветков, а десет минути подоцна Шкендија го израмни резултатот преку Даут Каримани.


До крајот на полувремето Вардар ја врати предноста со голот на Ѓорги Дошев во 43. mинута, по што во вториот дел прецизни беа Филип Јовановски (76. минута) и Зоран Фидановски (90) за убедлив триумф во кадетското Куп финале.

Во финалето на Купот во пионерска конкуренција, Шкендија вчера ја совлада Брегалница Штип со 3-2.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK