Гвардиола избран за тренер на сезоната во Премиер лигата

gvardiola
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Прес-службата на Премиер лигата објави дека Пеп Гвардиола од Манчестер сити, е прогласен за тренер на сезоната.







Под водство на шпанскиот стручњак, тимот од Манчестер предвреме стана шампион. Сити во 38 кола освои 89 бода и со пет повеќе се најде на врвот пред најблискиот конкурент, Арсенал.

Гвардиола по четврти пат е прогласен за најдобар тренер на сезоната во Англија. Оваа награда претходно ја доби во 2018, 2019 и 2021 година.

Манчестер сити следниве десет дена го очекуваат две финалиња. На 3 јуни против Манчестер јунајтед во ФА купот и на 10 јуни со Интер во Лигата на шампионите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK