Гвардиола: Интер е супериорен во однос на Манчестер сити според историјата, но, тоа не е важно

gvardiola
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола ги сподели своите очекувања за финалето од Лигата на шампионите против Интер.







– Не можам да ги контролирам мислењата на луѓето. Треба само да се фокусираме на она што треба да го направиме. Сè завршува со игра. И ќе победи тимот што ќе има подобри 95 минути.

Интер е супериорен од нас по историја. Но, тоа не е важно. Важно е да одиграме подобро од противникот. Тоа е она што може да биде одлучувачки фактор, изјави Гвардиола.

Финалето од Лигата на шампионите Манчестер сити – Интер ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот во Истанбул.

Интер го „брка“ четвртиот трофеј, Сити ќе игра за прва титула европски шампион.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK