Французинот Рабио уште една година во Јувентус

rabio
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот фудбалски репрезентативец Адриен Рабио (28) го продолжи договорот со италијанскиот гигант Јувентус за уште една сезона, до јуни 2024 година.

Рабио дојде во Јувентус во летото 2019 година и досега одигра 177 натпревари за клубот од Торино, постигнувајќи 17 голови.


Францускиот репрезентативец минатиот август беше на чекор до трансфер во Манчестер јунајтед, откако двата клуба ја договорија висината на обесштетувањето за трансфер на Рабио, кое требаше да изнесува 17 милиони евра.

Меѓутоа, британските медиуми тогаш објавија дека мајката на фудбалерот на Јувентус Вероника Рабио, која е и негов личен менаџер, ги налутила челниците на Јунјатед, бидејќи за Адриен побарала годишна плата од десет милиони евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK