ФФМ: Билети за дуелот Македонија – Украина во продажба од понеделник

ffm
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Билетите за воведниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за ЕУРО2024 против Украина ќе бидат пуштени во продажба в понеделник, објави попладнево Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).







Влезниците за гостувањето на Украина на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, на 16 јуни, ќе се продаваат по цена од 300 и 400 денари.

Навивачите ќе можат да купат влезници на билетарата на Арената како и преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство.

Едно лице може да купи најмногу четири влезници, а билети ќе бидат задолжителни и за деца независно од нивната возраст.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK