Швајцарскиот 30-годишен фудбалски репрезентативец Гранит Џака и досегашен капитен на лондонски Арсенал е нов играч на бундеслигашот Баер Леверкузен.
Германскиот клуб соопшти дека Џака потпишал долгорочен договор со важност до 30 јуни 2028 година.
Британските медиуми објавија дека Баер за овој трансфер ќе му плати на англискиот вицешампион обесштетување во износ од 25 милиони евра.
„Со Гранит добивме врвен професионалец. Неговите фудбалски вештини се насекаде познати. Меѓутоа, ретки се играчите, кои благодарение на своите карактеристики и менталитет, можат толку уверливо да го водат своите екипи“, изјави спортскиот директор на Баер, Симон Ролфс.
Џака се враќа во германското првенство во кое настапуваше од 2012 до 2016 година во дресот на Борусија Менхенгладбах.