Лондонскиот премиерлигаш Челзи потпиша договор со 19-годишниоѕ бразилски крилен напаѓач Анџело Габриел од Сантос.
Во октомври 2020 година, со 15 години и 308 денови, Габриел стана најмладиот играч во историјата на бразилската прва лига, кога дебитираше против Флуминенсе.
Од своето деби, Габриел собра 129 натпревари во дресот на Сантос и постигна пет голови.
Габриел, воедно, е и најмладиот стрелец во Копа Либертадорес, откако постигна гол во април 2021 година.