Чалханоглу наскоро ќе го продолжи договорот со Интер

chahanoglu
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот од средниот ред на Интер, Хакан Чалханоглу потврди дека наскоро ќе го продолжи договорот со клубот.







– Не е тајна дека сум среќен во Интер, се беше добро овде од првиот ден. Се чувствувам жив кога гледам како навивачите ни даваат поддршка. Ако зборуваме за договорот, веќе сме се договориле за се и сме многу блиску до официјалниот заклучок, со задоволство ќе продолжам да ги остварувам моите соништа во овој клуб, изјави Чалханоглу за „Sky Sports“.

Чалханоглу е во Интер од јули 2021 година, во сезоната 2022/23 постигна четир гола и осум асистенции на 46 натпревари за тимот во сите натпреварувања.

Актуелниот договор на 29-годишниот Турчин со тимот е со важност до крајот на јуни 2024 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK