Бенфика синоќа го совлада Порто во Суперкупот на Португалија со 2:0.
Анхел ди Марија го отвори резултатот во 61. минута, кој летото се врати во клубот по 13 години. Седум минути подоцна Петар Муса ја удвои предноста на „орлите“.
На крајот од средбата Порто остана со фудбалер помалку- црвен картон доби Пепе во 90+1 минута, а шест минути подоцна судијата го исклучи главниот тренер на тимот Сергиу Консеисао.
Бенфика го освои Суперкупот на земјата по 9-ти пат во својата историја, израмнувајќи се со Спортинг по бројот на освоени трофеи во ва натпреварување. Рекордер по бројот на победи во португалскиот Суперкуп е Порто со 23 трофеи.