Белингем неизвесен за последното коло во Бундеслигата

belimng
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на водечкиот тим во германското фудбалско првенство Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, изјави дека сè уште е неизвесно дали англискиот напаѓач Џад Белингем ќе настапи во последното коло во кое неговиот тим со победа над Мајнц ќе ја освои првата шампионска титула по пауза од 11 години.







Поради повреда на коленото Белингем не беше во составот на Борусија изминатиот викенд во победата од 3-0 против Аугсбург. Со триумфот тимот од Дортмунд го презеде врвот на табелата со два бодови повеќе од минхенски Баерн, кој ги освои сите 11 последни шампионски титули во Германија.

„Џад успеа да го засили тренингот овие денови што е добар знак. Дефинитивно сакаме и тој да биде вклучен во екипата во сабота“, рече Терзиќ.

Саботниот натпревар против Мајнц би можел да биде последен во дресот на Дортмунд за 19-годишниот англиски репрезентативец, откако сè погласни се шпекулациите дека за услугите на Белингем е заинтересиран мадридски Реал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK