Баерн Минехн постави цена за која е подготвен да се раздели со напаѓачот Садио Мане, информира „Fichajes“.
Раководството на Баварците ќе го пушти 31-годишниот напаѓач за сума од околу 25-30 милиони евра. Во оваа насока, можноста за потпис со Сенегалецот ја разгледува Реал Мадрид, кој е во потрага по засилување по заминувањето на Карим Бензема во Ал-Итихад.
Мане минатото лето се пресели во Баерн. Тој сезоната 2022/23 ја заврши со 38 одиграни натпревари за тимот, постигнувајќи 12 гола и шест 6 асистенции.