Аргентина – Австралија на 15 јуни во Кина

sport
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светскиот фудбалски првак Аргентина предводена од Лионел Меси ќе одигра идниот месец во Пекинг пријателски натпревар против Австралија, објави аргентинската Амбасада во кинескиот главен град.

Натпреварот ќе се одигра на 15 јуни и тоа ќе биде прва посета на Меси на Кина од 2017 година.


„Лионел Меси на 15 јуни ќе ја предводи аргентинската репрезентација во пријателски натпревар против Австралија во Пекинг“, се наведува во соопштението на аргентинската Амбасада.

Натпреварот ќе го одбележи големото врачање на меѓународниот фудбал во Кина по три години строги здравствени ограничувања кои ги испразнија стадионите и доведоа до откажување на голем број спортски настани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK