Англиски фудбалски репрезентативец суспендиран поради обложување

ivan toni
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Англиската фудбалска федерација (ФА) го казни напаѓачот на премиерлигашот Брентфорд, Иван Тони, со осум месеци неиграње поради прекршување на правилникот за обложување.







Со истрагата е утврдено дека 27-годишниот Тони во периодот меѓу февруари 2017 и крајот на јануари 2021 година се обложил 232 пати на фудбалски натпревари што подоцна и самиот фудбалер на Брентфорд го потврди.

Тони до 16 јануари 2024 година нема да може да настапува за својот клуб, како и за англиската репрезентација за која дебитираше претходно оваа година.

Суспендираниот напаѓач на Брентфорд со 20 голови е трет на листата најдобри стрелци сезонава во Премиерлигата. Пред него се само Ерлинг Халанд од Манчестер сити (36 голови) и Хари Кејн од Тотенхем (27).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK