Англискиот фудбалер Џуд Белингем нема да учествува во квалификациите за Европското првенство во 2024 година, што значи дека ќе го пропушти натпреварот со македонската фудбалска репрезентација.
Ѕвездата на Борусија Дортмунд ќе биде опериран поради проблеми со коленото.
Белингем пред неколку дена ја доби наградата за најдобар фудбалер во Бундеслигата за сезоната 2022/23.
Англија на 16 јуни гостува на Малта, а три дена подоцна ја пречекува македонската репрезентација.