(Фото) Одбојкарите ги промовираа дресовите со кои ќе настапат на ЕП

11-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За две недели во четири држави ќе започне Европското првенство во одбојка. Покрај Бугарија, Израел и Италија, домаќин на континеталниот шампионат ќе биде и Македонија.


Македонската репрезентација во Ц-групата, во Скопје, ќе игра против Чешка, Данска, Црна Гора, Холандија и Полска.

Во пресрет на Европското првенство (30.август – 6.септември), Одбојкарската федерација на Македонија, во Агенцијата за млади и спорт, ги претстави новите дресови.

Добавувачот на опремата „Ереа“ ги опреми македонските одбојкари со три гарнитури на дресови.

Македонските одбојкари новата опрема ќе ја сефтосаат на турнирот „Бранко Хаџииљоски Чајка“. Покрај Македонија на турнирот пто ќе се одржи од 18. до 20.август ќе учествуваат Египет, Јапонија и Грција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK