Фудбалскиот клуб Милан минува низ драматична ситуација поради наводна финансиска измама.
Иако номиналниот финансиски долг на миланскиот клуб е „само“ 250 милиони евра, спорниот долг е во висина од 500 милиони евра, кој се влече од 2017 година. Значи, вистинскиот долг на Милан е всушност околу 800 милиони евра.
Но, навивачите дополнително се загрижени поради упадот на финансиската полиција во просториите на клубот, како и во приватните резиденции на поранешниот главен директор (Газидис) и сегашниот Џорџо Фурлан. Очигледно е дека се истражува потенцијална измама на сопствениците.
Суштината на истрагата што е во тек е дека Финансиската полиција се сомнева дека американскиот фонд Елиот, кој го продаде мнозинскиот пакет акции на друг американски фонд, Ред Брд, за нешто повеќе од 1,2 милијарди евра, всушност се уште е сопственик на Милан.
Со други зборови, истражителите се сомневаат дека продажбата, поради некоја шпекулативна причина, е само параван. На истражителите од почетокот им било сомнително дека е постигната цена која не е реална според финансиските параметри на Милан.
Доколку се покаже дека има незаконски точки во договорот, тогаш клубот ризикува големи финансиски казни, одземање бодови и забрана за настап во европските купови.