Финалето на СП во 2026 година ќе се одигра во Њу Џерси

Финалето-на-СП-во-2026-година-ќе-се-одигра-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Стадионот „Метлајф“, кој се наоѓа во Њу Џерси, ќе биде домаќин на финалето на Светското првенство во фудбал во 2026 година. Првиот натпревар на Мундијалот во 2026 година ќе се одигра на 11 јуни на стадионот на „Ацтека“ во Мексико Сити.


Покрај домот на двата тима на Њу Јорк од НФЛ (Џајантс и Џетс) во конкуренција за домаќин на финалето беа уште два стадиони во САД.

Стадионот „СоФи“ во Лос Анџелес и стадионот „AT&T“ во Далас.

Веднаш по објавувањето на оваа одлука на ФИФА, на сметката на Меѓународната куќа на фудбалот стигнаа многу негативни коментари.

Причината е теренот, со оглед на тоа што стадионот „Метлајф“ има вештачка подлога, која е опасна површина за повреди. Останува да се види дали ФИФА ќе интервенира и ќе инсистира на поставување вистинска трева како предуслов за одигрување на финалето.

Да потсетиме, тоа беше направено минатото лето кога на овој стадион фудбалерите на Манчестер јунајтед и Арсенал одиграа пријателски натпревар.

Стадионот е во употреба во изминатите 13 години, откако три години траеше неговата изградба. За изградбата на стадионот беа потрошени 1,6 милијарди долари.

Следното Светско првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули (рекордни 39 дена), а покрај во САД ќе се игра и во уште две северноамерикански земји, Канада и Мексико.

Од 16-те градови домаќини, само Гвадалахара нема да се играаат натпревари од фазата по групи. Почнувајќи од четврт-финалето сите натпревари ќе се играат во САД.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK