Фернандеш не е сигурен дали ќе остане на „Олд Трафорд“

6cb6845da1629.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш изјави дека по завршувањето на Европското првенство ќе одлучи дали следната сезона ќе игра за клубот од „Олд Трафорд“.


Фернандеш рекол дека приоритети во моментов му се финалето на ФА Купот и Европското првенство.

„Не зависи се од мене. Ако треба да размислувам за заминување од Премиер лигата, тоа ќе биде дури по Европското првенство. Можеме успешно да ја завршиме сезоната со освојување на ФА Купот. Потоа го имам Европското првенство, што е многу важно. Ништо не може да ме спречи и да ми го одвлече вниманието од финалето на ФА Купот и од Европското првенство, бидејќи во моментов нема ништо поважно од тоа“, изјави Фернандеш за португалски „ДАЗН“.

Фернандеш пристигна во Манчестер Јунајтед во 2020 година од Спортинг за 80 милиони евра. Тој има договор со клубот од „Олд Трафорд“ до јуни 2026 година со можност за продолжување на уште една сезона.

„Не размислувам премногу за иднината. Оваа сезона досега не беше на нивото на кое се надевав. Сакам да бидам конкурентен. Сакам да се натпреварувам и да победувам”, додаде португалскиот фудбалер.

Манчестер Јунајтед ќе игра против Манчестер Сити во финалето на ФА Купот на 25 мај на Вембли.

ЕП ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK