Фердинанд за малку ќе го убедел Модриќ да се пресели во Манчестер јунајтед

ferdinand_modric_5645
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рио Фердинад, поранешен играч на Лидс и Манчестер јунајтед, отрки дека пред една деценија посредувал во трансферот на Лука Модриќ на „Олд Трафорд“. На крајот бил разочаран кога Хрватот замина во Реал.







 

Рио Фердинанд е икона на Манчестер јунајтед. Во својата кариера одиграл 455 натпревари во дресот на Манчестер јунајтед, а во 12 сезони освои шест трофеи во Премиер лигата.

Сега ја откри долго чуваната тајна како се обидел да биде „таен агент“ и да го убеди Лука Модриќ да дојде во Манчестер јунајтед.

Тоа беше периодот кога Модриќ играше во Тотенхем.

„Секој играч што ќе ми се допаднеше се обидував да ои убедам да дојде во Манчестер јунајтед. Дури и Тиаго Алкантара пред да замине од Барселона во Баерн, малку ми недостигаше да го убедам, но потоа дојде Фелаини“, изјави Фердинанд.

После тоа се сети што се случи со Модриќ.

„Разговарав со Модриќ и го прашав дали ќе го напушти Тотенхем на крајот на сезоната. Тој рече дека ќе го стори тоа, но не знаеше каде оди. Веднаш му кажав дека мора да дојде во Јунајтед, а тој ми рече: „Сакам да бидам првиот Хрват кој ќе заигра за Манчестер јунајтед“, се сеќава Фердинанд.

На крајот трансферот не се случи.

„На крајот се пропадна. Разговарав со Дејвид Гил и Алекс Фергусон, но тие веќе го договорија трансферот на Кагава. Лука замина во Реал Мадрид, а другото е историја“, заклучи Фердинанд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK