Кошаркарите на Феникс 2010 доживеаја убедлив пораз на стартот на квалификациите за ФИБА Еврокупот. На квалификацискиот турнир во Никозија, македонскиот претставник загуби од кипарскиот клуб Керванос со 107:60.
Домаќинот уште од стартот наметна темпо што Феникс не можеше да го следи.
Најефикасен кај Феникс беше Стивенс со 14 поени и три асистенции, Џозеф Емануел Rajс реализираше 11, а Бојан Трајковски го заврши мечот со девет поени.
Следниот меч на Феникс е против Рошток Сивулвс од Германија.