Фелипе Андерсон го напушта Лацио, се враќа во Бразил

felipe-anderson_12468701190x786.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фелипе Андерсон по завршувањето на сезоната како слободен играч ќе го напушти Лацио. Изнендување претставува неговата следна дестинација, бидејќи италијанските медиуми тврдеа дека тој ќе се пресели во Јувентус. Сепак, Андресон реши да се врати во Бразил.


Андерсон, во светлосиниот дрес одигра 319 натпревари, постигна 58 голови и забележа 63 асистенции.

Играчот од средниот ред во два мандати настапуваше за Лацио, од 2013 до 2018 година и од 2021 до 2024 година. Помеѓу овие два мандати, без многу успех играше за Вест Хем и Порто.

Андерсон, кариерата ќе ја продолжи во Палмеирас. Потпиша договор со клубот од Сао Паоло до 31 декември 2027 година.

Италијанските медиуми наведуваат дека причините за враќање во татковината се од приватен карактер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK