­

Федерика Брињоне испиша историјата во Светскиот куп


brignone_federica1280-768x432-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На програмата е големото финале на Светскиот куп во женска кон куренција во Сан Вали, САД. Бидејќи спустот беше откажан поради ветер, Федерика Брињоне математички го обезбеди Кристалниот глобус.


На овој начин Италијанката по втор пат во кариерата победи во Светскиот куп. Но, ова е историска титула, бидејќи таа ја освои на 34-годишна возраст, со што стана најстарата победничка во конечниот пласман во Светскиот куп.

Таа веќе стана најстарата скијачка која победила во спуст, супер-Џи и велеслалом оваа сезона.

Со овој расплет Брињоне ја обезбеди титулата и во спуст, а може да ја освои титулата во супер-Џи, но и во велеслалом.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK