Фаје седеше на клупата на Барселона, Кустошија заработи 1,5 милиони евра

Faye.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Сенегалскиот фудбалер Микаил Фаје се најде во протоколот на натпреварот помеѓу Барселона и Мајорка (1:0), во рамките на 28. коло од Ла Лига.

19-годишниот фудбалер прв пат беше дел од тимот на Чави Ернандез, но не дебитираше за првиот тим.

Повикот што го доби од Чави, го прославија во хрватскиот второлигаш Кустошија, од каде Фаје во 2023 година се пресели во Барселона.

Кустошија, минатото лето од трансферот заработи пет милиони евра. Синоќа, клубот инкасираше дополнителни 1,5 милиони евра, бидејќи Фаје се најде во протоколот на првиот тим на официјалне натпревар.

Во договорот на Фаје има клаузули кои на клубот можат да му донесат максимални 20 милиони евра.

Барселона има големи планови за Фаје. За него клубот, во зимскиот преоден рок доби неколку понуди од 10 милиони евра, но Барселона сите ги одби.

Откупната клаузула во договорот на талентираниот 19-годишен фудбалер изнесува 400 милиони евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK