Фаџоли ќе доби седум месечна суспензија

Фаџоли-ќе-доби-седум-месечна-суспензија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Италијанскиот фудбалер Николо Фаџоли би можел да добие забрана за настап од седум месеци, пренесува „Скај Спорт“.

Тоа е првото конкретно спомнување на сериозноста на казната откако на Апенинскиот полуостров пукна скандалот со нелегалното обложување.

Играчот од средниот ред на Јувентус прв беше обвинет, олеснителна околност за него е тоа што тој не се кладел на натпреварите на Јувентус.

Покрај тоа, Фаџоли се согласил да соработува со истражителите, а неговиот агент изјавил дека 22-годишниот е зависник од обложување.

„Тој е зависник од коцкање, тој проблем постои одамна, кога не беше наш клиент. И покрај тоа, не сакавме да го оставиме и се трудевме да му помогнеме на секој начин. Морам да кажам дека се однесува примерно откако потпиша за нашата агенција“, изјави агентот.

Фаџоли ја призна вината и, како што пренесуваат италијанските медиуми, рекол дека Сандро Тонали му кажал како може да се обложува надвор од редовните текови.

Доколку се потврдат овие гласини, сезоната е практично завршена за младиот Италијанец, кој со тоа останува без шанса да се бори за место меѓу играчите кои ќе ги претставуваат „аѕурите“ на Европското првенство во јули следната година.

Останува да видиме каква казна го чека споменатиот Тонали, како и Никола Заниоло, кои се меѓу инволвираните во нелегално обложување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK