Големите ривали Еурофарм Пелистер и РК Вардар 1961 денеска ја отвораат новата ракометна сезона во Македонија и ќе се борат за првиот пехар. Во Струмица, во салата „Парк“, од 18 часот, се игра мечот за Суперкупот на Македонија.
Еурофарм Пелистер можеби е мал фаворит, со оглед дека влегува во новата сезона како актуелен шампион и ќе настапува во Лигата на шампионите.
„Црвено-црните“ се во период на реструктуирање, го сторија тоа на раководните позиции, а значително го сменија и играчкиот кадар. Сепак, сигурно дека сакаат да го освојат првиот трофеј во новата сезона.
Во Суперкупот, Вардар е во предност, има три пехари, последниот го освои во 2019 година. Потоа Пелистер славеше двапати, во 2021 и во 2022 година.