Претседателот на фудбалската асоцијација на Камерун, Самуел Ето е под истрага на државните власти поради сомневање дека влијаел на резултатите на неколку натпревари во неговата татковина.
Според медиумите, тој наводно наместил неколку натпревари во корист на еден клуб, Викторија Јунајтед, со цел клубот да влезе во првата лига.
На овие сериозни обвинувања Ето преку своите соработници реагираше со изјава во која ги демантираше обвиненијата.
Наводно, освен Ето, во целиот корупциски случај што го истражува полицијата се вклучени уште 40 лица.
„Секоја смела политика која носи промени, исто така предизвикува отпор кај поединци кои се подготвени да направат се за да избегнат губење на приходите од корупција. Неколку месеци овие луѓе избраа да организираат кампања на злонамерни напади врз г-дин Ето“, стои во изјавата на луѓето блиски до славниот фудбалер и актуелен прв човек на камерунскиот фудбал.
Во истиот пост се наведува дека „разни поединци“ не бираат средства за да го оцрнат името на Ето за да го принудат да му ја предаде на некој друг функцијата на која е легално избран на 11 декември 2021 година.