Енди Мареј загуби уште еден меч од почетокот на годината. Вовторото коло на АТП турнирот во Доха, Мареј доживеа пораз од 18-годишниот Јакуб Менсик.
Чешката сензација славеше триумф против искусниот Британец во три сета, во три тај-брејка: 7:6, 6:7, 7:6.
Мечот траеше дури три часа и 26 минути, а новиот пораз на Мареј многумина го сметаат за почеток на крајот на неговата кариера.
Се чини дека тоа го навести и Британецот кој во еден момент извика.
„Овој спорт повеќе не е за мене!“