Емил Рајковиќ, тренерот на ЦСКА Москва, до крајот на сезоната во тимот ќе го има НБА ветеранот Вил Бартон (33).
Бартон во Москва пристигна како слободен играч, а минатата сезона ја заврши во Торонто Репторс. Во НБА играше и за Играше за Портланд, Денвер и Вашингтон, а ова ќе биде негов прв ангажман во Европа.
„Пред да кажам што било, сакам да истакнам колку сум благодарен за можноста да играм за овој клуб. Сум слушнал само добри работи за клубот и навивачите. Подготвен сум да вложам време и напор за да се натпреварувам на високо ниво. Едвај чекам да дојдам и да почнам да играм“, изјави Бартон.
Зад себе има 679 натпревари во НБА со просек од 11,2 поени, 4,1 скока и 2,7 асистенции, а настапи на 29 натпревари во плејофот, забележувајќи 10 поени, 4,1 скока и 1,7 асистенции. и
Бартон е убедливо најголемото име што ќе игра во Русија по почетокот на војната.
ЦСКА нема играно во Евролигата од февруари 2022 година, кога Евролигата ги исклучи руските тмови поради.
Московјаните играат во ВТБ лигата во која се на врвот на табелата со 22 победи и три порази.