ЕХФ суспендираше хрватски судија на три години

ЕХФ-суспендираше-хрватски-судија-на-три-години.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фото/ Милошевиќ (лево), Губица (десно)


Познатиот хрватски судија Матија Губица доби тригодишна суспензија. Европската ракометна федерација (ЕХФ) во официјалното соопштение наведе дека тој не бил вклучен во местење натпревари, но дека ги прекршил правилата на однесување содржани во правилникот на ЕХФ и затоа нема да суди во натпреварите на ЕХФ во следните три години.

„Ракометниот суд на ЕХФ донесе одлука во случајот против судијата Матија Губица. Губица беше прогласен за виновен бидејќи ги прекршил основните обврски наведени во правилникот за однесување на ЕХФ и во етичкиот кодекс на ИХФ. Поради овие прекршувања ракометното суд одлучи Губица да биде суспендиран во наредните три години“, се вели во официјалното соопштение.

Од ЕХФ нагласија дека оваа суспензија не е поврзана со местење натпревари или намерно влијание врз резултатите, иако данските медиуми првично за тоа ги обвинија Губица и неговиот колега Борис Милошевиќ на почетокот на оваа година.

Две од трите години од казната се всушност условни, а бидејќи неговата казна е од 1 јуни 2023 година, тоа значи дека тој всушност ќе може да се врати на теренот за шест месеци. Заедно со оваа казна ќе треба да плати и 6.000 евра.

Губица и Милошевиќ со години се едни од најпознатите судиски тандеми, а годинава во изборот на порталот „Хендбол планет“ беа прогласени за најдобра судиска двојка во светот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK