Дурент потврди дека ќе игра на ОИ во Париз

Дурент-потврди-дека-ќе-игра-на-ОИ-во-Париз.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кошаркарот на Феникс Санс, Кевин Дурент, најави дека ќе игра за репрезентацијата на САД на Олимписките игри во Париз следната година.


Дурент (35) на прес-конференцијата одржана пред претстојниот почеток на НБА лигата даде потврден одговор на прашањето дали следната година ќе игра за репрезентацијата на САД.

Искусниот кошаркар со репрезентацијата освои три последователни златни медали на Олимписките игри (2012, 2016 и 2021 година), додека во 2010 година беше и светски првак.

Американските медиуми претходно најавија дека следното лето, заедно со Дурент, на поканата на тренерот Стив Кер ќе одговорат и бројни НБА ѕвезди, меѓу кои и најголемите имиња, како Леброн Џејмс, Стеф Кари, Демијан Лилард и Џејсон Тејтум.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK