Лара Гут-Бехрами оствари убедлив триумф во трката во велеслалом во рамките на Светскиот куп во Кронплац, Австрија.
Швајцарката беше најбрза во првото возење, а во второто рутински ја сочува предноста што ја стекна и победи со вкупен резултат 2:00.64.
Второто место го поделија Австралијката Алис Робинсон и Швеѓанката Сара Хектор. Имаа минус од секунда и девет стотинки во однос на Гут-Бехрами.
Со оваа победа Швајцарката го презеде првото место во генералниот пласман во велеслалом со 485 бодови, пред Италијанката Федерика Брињоне која има 460.
Во генералниот пласман и натаму води Американката Микаела Шифрин со 1209 бодови, додека втора е Гут-Бехрами со 1014.