Центарот на Денвер, Никола Јокиќ и оваа сезона игра на врвно ниво во НБА лигата.
Јокиќ го предводи својот тим кон одбраната на шампионскиот прстен од минатата сезона, а моментално води во МВП трката, која минатата година ја освои Џоел Ембид.
Легендарниот тренер Џорџ Карл е разочаран од фактот што Србинот нема да може да испише историја како единствен кошаркар со четири МВП титули по ред.
„Срамота е што Јокиќ беше ограбен минатата сезона. Во спротивно, ќе зборувавме за првиот кошаркар кој освоил четири МВП титули по ред“, напиша Карл на социјалните мрежи.
Јокиќ беше МВП на НБА во 2021 и 2022 година, а оваа сезона има просечни 26,1 поен, 12,3 скока и девет асистенции.
Too bad Jokic got robbed last year cause, otherwise, we’d be talking about the first player to ever win four MVPs in a row this month!! pic.twitter.com/p10xcpTGKQ
— George Karl (@CoachKarl22) April 1, 2024