Димитров „направи“ идеален тенисер, не зеде ништо од Рафа Надал

nadal_34535354
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бугарскиот тенисер Григор Димитров го избра својот идеален тенисер, составен од најдобрите аспекти од играта на неговите колеги тенисери.

 


Меѓу оние кои ги избра се и Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ, а интересно е што го нема последниот член на „големата тројка“, Рафаел Надал.

„Го избирам форхендот на Роџер. Тој никогаш не промашуваше кога јас му бев противник. Имам чувство дека тоа го направи против многу играчи, но не и против мене“, изјави Димитров.

Нишикори е на бекхенд.

„Бекхенд е на Кеи Нишикори. Тој може да погоди буквално се од таа страна, да лобува, да ги погоди линиите…“, додаде Димитров и дополи.

„На сервис го избирам Ник Кирјос. Тој е способен да сервира на кој било начин. Тој е спектакуларен”, објаснува бугарскиот тенисер.

Своето место го најде и најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

„Ритерн, Новак, секогаш можеше да ја врати топката во поле, без разлика колку е брза“, изјави Димитров.

Не бил скромен, па се вклучил во оваа група.

„Ќе се изберам сам за „слајс“. Тоа е еден од првите кадри што ги научив, па сакам да го одиграм“, истакнува Димитров.

Надал го нема ниту кога во прашање е борбеноста. Тоа место е резервирано за уште еден Австралиец, Лејтон Хјуит.

„Натпреварувачкиот карактер на Хјуит е навистина одличен“, заклучи Димитров.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK