Димитров го освои Бризбејн

Димитров-го-освои-Бризбејн.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бугарскиот тенисер Григор Димитров победи на АТП турнирот од серијата 250 во Бризбејн. Во финалето со 2:0 (7:6, 6:4) го победи Данецот Холгер Руне.


Поранешниот тенисер број три во светот, Димитров по пауза од шест години освои АТП титула.

На патот до деветтата титула во кариерата, 32-годишникот Хасково ги победи Томпсон, Хиџиката, Алтмаер, Мареј и Руне.

Димитров со овој трофеј ја потврди добрата форма од финишот на минатата сезона кога играше во финалето на Мастерсот од Париз и најави дека може да биде фаворит од сенка на Австралија опен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK