Дибала може да ја напушти Рома за само 12 милиони евра

Дибала-може-да-ја-напушти-Рома-за-само-12-милиони.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Рома во летниот преоден рок би можела да остане без еден од најважните, ако не и најважниот играч оваа сезона, Паоло Дибала.

Аргентинскиот фудбалер, во договорот има откупна клаузула која ќе важи во текот на целиот месец јули и која изнесува само 12 милиони евра. Оваа клаузула се однесува само на клубовите надвор од Италија.

Рома сака Дибала да остане во клубот поради што се подготвени да му понудат нов договор.

Вредноста на Пауло Дибала се проценува на 25 милиони евра, а оваа сезона блеска во Серија А , на 18 натпревари постигна 11 гола и додаде уште шест асистенции.

Во понеделникот, Аргентинецот со хет-трик ја предводеше Рома до победата над Торино (3:2).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK