Дешан: Ако Франција е здодевна, гледајте нешто друго!

Didije-Desan-photo-AP-Photo-Hassan-Ammar.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидиер Дешан изјави дека не го интересираат критиките за неговата репрезентација дека игра „досаден“ фудбал.


Франција утре во Минхен ќе игра против Шпанија во полуфиналето на Европското првенство во Германија.

Тоа ќе биде дуел на репрезентации со различни стилови на игра и според рејтинзите, дуел помеѓу репрезентација која игра „досадно“ – Франција и репрезентација која игра „интересен“ фудбал – Шпанија.

Шпанија ги доби сите пет натпревари на Европското првенство во Германија .

Шпанија постигна најмногу голови на турнирот – 11, а Франција се уште нема постигнато гол од поле, туку еден од пенал и два автогола на противникот.

„Ако ви е досадно со нас, можете да гледате нешто друго, не е важно“, изјави Дешан на прашањето за критиките упатени кон неговиот тим.

“Ова е специфично Европско првенство, со помалку голови од вообичаеното. Имаме шанса да ја израдуваме Франција, во деликатна ситуација за нашата земја. Ако на другите им е досадно, мене не ми е гајле”, додаде францускиот селектор.

Дешан денеска одбележа 12 години како селектор на Франција, со која го освои Светското првенство во Русија во 2018 година, а второто место четири години подоцна во Катар.

Ја освои и Лигата на нации во сезоната 2020/2021, а во 2016 година беше финалист на Европското првенство.

Имаше успешна играчка кариера, а со репрезентацијата го освои Светското првенство во 1998 година и две години подоцна Европското првенство.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK