Попладнево, во Нион, со ждрепка беа одредени двојките во плеј-офот во Лига Европа. Во оваа фаза играта осумте клуба кои испаднаа од Лигата на шампионите, против осумте екипи кои завршија како второпласирани во групите во Лига Европа.
Дербито во оваа фза е дуелото меѓу Феенорд и Рома. Ова ќе биде реприза на финалето во Конференциската лига од пред две сезони, кога Рома победи со 1:0 во Тирана и го освои првиот трофеј во новоформираното натпреварување.
1/16 финале Лига Европа:
Феенорд-Рома
Милан-Рен
Ленс-Фрајбург
Јанг Бојс-Спортинг Лисабон
Бенфика-Тулуз
Брага-Карабаг
Галатасарај-Спарта Прага
Шахтјор-Марсеј
Првите натпревари ќе се одиграат на 15 февруари, а реваншите на 22 февруари наредната година.