Босанскиот репрезентативец, Харис Делалиќ договори соработка до крајот на сезоната со МЗТ Скопје Аеродром.
Делалиќ во МЗТ дојде од Игокеа, каде што изминативе две сезони настапуваше во АБА-лигата. Кариерата ја почна во поранешниот европски шампион Босна, а има играно уште за екипите на Челик Зеница, Слобода Тузла, како и на белгиските прволигаши Шарлоа и Леувен.
Делалиќ веќе е пристигнат во Скопје и вечерва ќе ги бодри новите соиграчи од трибините на вечното дерби против Работнички (19 часот), додека од утре ќе му се стави на располагање на тренерот Васко Атанасов.
Неговото деби во сино-белиот дрес се очекува на претстојниот турнир од АБА2, кој ќе се одржи во Нови Сад во периодот помеѓу 29 јануари и 4 февруари, а каде што МЗТ ќе игра против Шенчур, Шибенка и Војводина.