„Дебитанскиот“ дрес на Вембањама продаден за многу пари

„Дебитанскиот-дрес-на-Вембањама-продаден-за-многу-пари.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дресот на Виктор Вембањама, кој го носеше на првиот натпревар во НБА, беше продаден за 762.000 долари.


Почетната цена на аукцијата на Сотби беше 80.000 долари.

Аукцијата заврши со бројка која беше речиси седум пати поголема од почетната цена.
Вембањама споменатиот дрес го носеше на 25 октомври против Далас Маверикс.

Оваа аукција го означи почетокот на соработката помеѓу НБА и аукциската куќа Сотби.

Ова е историска продажба, а дресот на Вембањама стана најскап досега кога станува збор за опрема носена на дебитантски натпревар.

За споредба, дресот на Зион Вилијамсон во 2020 година беше продаден за релативно скромни 80.400 долари.

Вембањама има просек од 18,6 поени, 9,1 скока и 2,6 блокади по натпревар, но Сан Антонио Спарс се наоѓаат на дното на Западната конференција со три победи и 11 порази.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK