Поранешниот голман на Манчестер јунјтед, Давид де Хеа размислува за повлкување од фудбалот доколку не добие понуда од некој врвен клуб, тврди британскиот „Гардијан“.
Шпанскиот голман веќе одбил неколку понуди, вклучувајќи една богата од Саудиска Арабија и парите не се негов главен мотив за да продолжи, тврди весникот. Тој во моментов продолжува со индивидуалните тренинзи, чекајќи вистинска понуда откако Манчестер јунајтед не му го продолжи договорот по 12 години на „Олд Трафорд“ во кои освои титула од Премиерлигата, од ФА купот и од Лига Европа. Де Хеа сака понуда од тим каде што би бил постојан првотимец.
Во текот на летото тој беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид и Баерн Минхен, но преговорите не донесо плод. Тој си замина од „Олд Трафорд“ како најдолговечен голмн со 545 одиграни мечеви.