Милвоки Бакс донесоа уште едно добро познато име во својот тим. Нов играч на франшизата од Висконсин стана искусниот Италијанец Данило Галинари.
Актуелната сезона е 14. за Галинари во НБА, сезонава одигра 32 натпревари за Вашингтон и Детроит, со просек од 7,3 поени и 2,8 скока за околу 15 минути по натпревар.
Поранешниот играч на Њујорк Никс, Денвер Нагетс,ЛА Клиперс, Оклахома сити Тандер и Атланта Хокс има одиграно 760 натпревари во НБА со просек од 15,2 поени, 4,7 скока и 1,9 асистенции.
Тој беше драфтуван од Њујорк Никс како шести пик во 2008 година.