Црвена звезда е најлошиот тим на овогодинешното издание на ЛШ, Сити и Реал со максимални шест победи

Црвена-звезда-е-најлошиот-тим-на-овогодинешното-издание-на-ЛШ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Foto/ EPA

Манчестер сити и Реал Мадрид, со максимални шест победи ја завршија фазата по групи во Лигата на шампионите. Покрај актуелниот европски првак и најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите, првата фаза во елитното натпреварување без пораз ја завршија уште четири екипи. Со најлош учинок фазата по групи ја заврши Црвена звезда, зад неа се Севилја и дебитантот Унион Берлин.

Манчестер сити ја освои групата со 18 поени во која беа Лајпциг, Јанг Бојс и Црвена звезда. Во посленото коло „граѓаните“ победија во Белград со 2:3. Со ист резултат Реал победи на гостувањето во Берлин. „Кралскиот клуб“, со шест победи ја освои групата во која беа Наполи, Брага и Унион Берлин.

Покрај Сити и Реал, без пораз фазата по групи ја завршија Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Реал Сосиедад и Интер. Баварците еднаш одиграа нерешено, против Копенхаген, Атлетико ремизираше со Лацио и Селтик, а Реал Сосиедад и Интер во двата меѓусебни натпревари ремизираа и одиграа без победник против Салцбург (реал Сосиедад) и Бенфика (Интер).

foto/ epa

Црвена звезда, сезоната во која прв пат во историјата избори директен пласман во Лигата на шампионите, ја заврши без победа и со само еден освоен бод, против Јанг Бојс во Белград.

Без победа, но со два освоени бода, сезоната во Лигата на шампионите ја завршија се уште актуелниот победник во Лига Европа, Севилја и дебитантот Унион Берлин. Севилја во првите две кола одигра нерешено, а Унион по бод освои во четвртото и петтото коло.

Вториот дебитант, Антверпен, во последното коло ја забележа историската прва победа во Лигата на шампионите и заврши со три бода во Х групата, додека Селтик во последното коло славеше над Феенорд и во Е групата заврши на последното место со четири бода.

foto/ epa

Најефикасни екипи во групната фаза беа Манчестер сити со 18, Атлетико Мадрид со 17 и Арсенал и Реал со 16 голови. Најмалку голови примија Реал Сосиедад само два и Арсенал четири.

Ждрепката на која во првиот шешир ќе има четири шпански, а во вториот три италијански екипи ќе се одржи во понеделник од 12 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK