Нови проблеми наскоро би можеле да го снајдат Челзи, Англичаните тврдат дека на клубот ќе му бидат одземени бодови. По истрага е начинот Роман Абрамович, додека беше сопственик на Челси го финансирал клубот.
Како што пренесуваат англиските медиуми, протекоа податоци кои открија серија тајни исплати со кои биле речиси сигурно ги прекршиле строгите фудбалски правила.
Сè открија новинарите на Гардијан, но и нивните меѓународни партнери. Експертите предвидуваат потенцијална казна за Челзи.
Тие тврдат дека казната најверојатно ќе биде одземање на бодови од челниците во Премиер лигата, но се уште не знаат колку бодови би можеле да им бидат одземени „сините“.
„Откриени се низа плаќања вредни десетици милиони фунти во текот на една деценија, насочени преку офшор сметки кои му припаѓаат на Абрамович. Се чини дека трансакциите биле во корист на Челзи, што го отвора прашањето дали биле пријавени во сметките доставени до надзорните органи“, пишуваат англиските медиуми.
Агентот на Еден Азар е еден од оние на кои им беа исплатени пари, а се работи уште и на трансферите на Ето и Вилијан.
Челниците на Премиерлигата веќе почнаа да го „чешлаат“ финансиското работење на клубот во периодот од 2012 до 2019 година.
Документите кои се појавија отвораат прашања за тоа дали рускиот милијардер повеќе пати ги прекршил правилата во корист на Челзи.
Фудбалскиот финансиски експерт Киран Мегваер, исто така, ги истакна потенцијалните санкции со кои може да се соочи Челзи доколку биде прогласен за виновен.
„Доколку има докази дека клубот користел трансакции со трета страна за да ги заобиколи правилата за профитабилност и одржливост, тогаш санкциите би биле или финансиски или одземање на бодови. Веројатно тоа ќе биде одземање на поени бидејќи на тој начин би ги предупредиле другите што ќе се случи ако направат нешто слично“, тврди Мегваер.
Челзи, предводен од Маурисио Покетино од клупата, моментно е на 10. место на табелата со 16 освоени бодови.