Челзи ќе ја активира клаузулта во договорот на Дибала?

Челзи-ќе-ја-активира-клаузулта-во-договорот-на-Дибала.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пауло Дибала во катуелниот преоден рок би можел да го засили Челси.


Италијанските медиуми откриваат дека „сините“ се заинтересиран за Аргентинецот, кој има откупна клаузула од само 12 милиони евра.

Дибала дојде во Рома како слободен играч, кога го потпишуваше договорот бараше да има излезна клаузула со која лесно може да го напушти Олимпико во случај на вистинска понуда. Сепак, оваа клаузула важи само за клубови надвор од Серија А и истекува на 15 јануари.

Челзи има уште седум дена да ја извести Рома и да ја активира клаузулата, доколку прво се договори со Дибала.

Маурисио Покетино има многу проблеми во нападот, Николас Џексон и Армандо Броја не се на потребното ниво, додека Кристофер Енкунку повторно се повреди.

Дибала би можел да биде решението, иако не е класичен напаѓач, познато е дека е одличен во последната третина од теренот и дефинитивно би го подобрил нападот на Челзи.

Сезонава на 17 натпревари во сите натпреварувања постигна шест гола и забележа исто толку асистенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK