Цел натпревар играа бункер, а направија само еден фаул


14070790.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неверојатни статистики од Светското првенство доаѓаат од натпревар во натпревар, а се уште не е комплетирано првото коло.


Натпреварот помеѓу Шпанија и Зеленортските острови не е исклучок. Напротив, влезе во историјата.

Европскиот шампион не успеа да ја оправда улогата на фаворит и одигра без голови против африканската репрезентација.

По натпреварот, светските медиуми најмногу внимание му посветија на 40-годишниот голман Возињо, но не заборавија да споменат еден неверојатен податок.

И покрај тоа што се бранеа, Шпанците имаа 75 отсто од поседот на топката, репрезентативциите на Зеленортските острови во текот на целиот натпревар направија само еден фаул, интересно за тој фаул во 16-та минута Лопез Кабрал доби жолт картон.

Ова е најмал број на направени прекршоци од еден тим на Светското првенство од 1966 година.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK