Буфон: Мојот најголем срам е што ја купив мојата диплома

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џанлуиџи Буфон, поранешниот голман на Парма, Јувентус и ПСЖ е еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот.


Италијанскиот голман рано стана вистинска ѕвезда, а веќе на 18 години имаше забележителна улога во Парма и почна да настапува за младинските категории на италијанската репрезентација.

Џиџи откри дека не бил премногу заинтересиран за за учење и одење на училиште. Поради ја купил дипломата од средно.

„Направив многу грешки кога бев млад. Она од што најмногу се срамам е што ја купив дипломата. Никогаш повеќе не би го направил тоа, бидејќи е нечесно. Не сакам до успехот да дојдам по пократок пат. Сепак, не сум совршен и мислам дека затоа сум близок со луѓето“, изјави легендарниот Буфон.

Буфон минатата година се пензионираше на 45 години, но набрзо најде нова работа во фудбалот. Тој стана шеф на делегацијата на италијанската репрезентација. За репрезентацијата одигра 176 натпревари и го освои Светското првенство во 2006 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK