Леонардо Бонучи (36) по десет години во две сезони и 502 натпревари за Јувентус, со кого освои девет титули на Италија и четири купа, мораше да го напушти клубот. Го избркаа иако сакаше да остане и беше подготвен да биде деградиран во статус на последна резерва само за да ја заврши кариерата во омилениот клуб.
Новиот стопер на Унион Берлин во интервју за „Медиасет“, кое стана топ тема во Италија, зборуваше за својата огорченост кон клучните луѓе на клубот.
„Ги читам и слушам неверојатните лаги кои за мене се шират од Јувентус на чело со тренерот Алегри. Не е точно дека во октомври минатата година и февруари годинава ми беше кажано дека клубот сака да заминам. Тоа ми беше кажано дури на 13 јули, кога директорите Џунтоли и Мана дојдоа кај мене и ме известија дека повеќе не сум член на тимот.
Ми објаснија дека моето присуство во екипата го поткопува нејзиниот раст. Бев толку незамисливо понижен од клубот за кој одиграв повеќе од 500 натпревари. И тоа ми го направија два месеци откако му кажав на раководството на клубот дека сум подготвен да останам како петти или шести избор на централен бек за да им помогнам на младите играчи“, изјаво Бонучи и дополни.
“Сакам да им се заблагодарам на многуте фудбалери кои ми се јавија и ми изразија поддршка и сочувство за огромното непочитување што Јувентус го покажа кон мене. Пирло, Буфон, Кјелини новиот селектор Спалети се само некои од нив. Кога сме кај тренерите, мојата желба и план е да играм за Италија на Европското првенство следното лето“, изјави новиот играч на Унион Берлин.
Во меѓувреме, Бонучи реши да го тужи својот „сакан“ клуб затоа што му го нарушиле професионалниот углед. Јувентус го отпиша Бонучи пред стартот на новата сезона, тој смета дека со тоа му го нарушиле угледот.