Фудбалерите на Бохум направија чудо и обезбедија опстанок во Бундес лигата. Бохум во Диселдорф ја стигна предноста на Фортуна од три гола, а потоа во драматичната пенал серија обезбеди опстанок.
Блескаше во тимот на Бохум Штегер со две асистенции и еден гол. Најпрвин два пати, во 18. и 66.минута му асистираше на Хофамн, а потоа во 70.минута го постигна третот гол.
Во дополнителните 30 минути немаше голови. Во пенал серијата трагичар на Фортуна беше Учињо кој во седмата серија шутираше над голот.